Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Samuel 7

:
Macedonian - 1990
1 Кога царот живееше во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели,
2 тогаш царот му рече на пророкот Натан: »Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.«
3 А Натан му одговори на царот: »Оди, прави си, што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.«
4 Но во истата ноќ дојде ова слово Господово кон Натана:
5 »Оди, кажи му на мојот слуга Давида: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом, за да живеам во него,
6 кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израилеви од Египет, и до денес но минував во шаторот и во скинијата.
7 Каде и да одев со сите синови Израилеви, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израилот: зошто не ми изградивте кедров дом?‘
8 А сега, кажи му така на мојот слуга Давида: Вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо, за да бидеш водач на Мојот народ Израилот;
9 и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував од пред лицето твое сите твои непријатели, и го возвеличував името твое, како името на големите луѓе на земјата.
10 Јас ќе одредам место за Мојот народ, за Израилот, ќе го утврдам, и тој спокојно ќе живее на местото свое и нема повеќе да се обеспокојува, и нечестиви луѓе нема повеќе да го измачуваат, како порано,
11 кога Јас определив судии над својот Израил; и Јас ќе те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува, дека Он ќе ти подигне дом.
12 А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе, што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово.
13 Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш.
14 Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Му биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки;
15 но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саула, кога Јас го отфрлив пред лицето твое.
16 И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш.‘«
17 Сите овие зборови и целото тоа видение Натан му го кажа на Давида.
18 Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господа, и рече: »Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи!
19 Па и тоа дури се покажа малку во Твоите очи, Господи мој, Господи; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина. Тоа е веќе по човечки, Господи мој, Господи!
20 Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи!
21 Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи.
22 Во сѐ си голем Ти, Господи мој, Господи, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои.
23 И кој е подобен на Твојот народ Израил, единствен народ на земјата, за кој доаѓал Бог да Си го придобие за народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египтјаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?
24 И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израилот како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.
25 А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот, што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов, и исполни го, она што си го изрекол.
26 Нека се возвеличи името Твое засекогаш, та да велат: ‚Господ Саваот е Бог над Израилот.‘ И домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице.
27 Бидејќи Ти, Господе Саваоте, Боже Израилев, му откри на Твојот слуга, велејќи: ‚Ќе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва.
28 И така, Господи мој, Господи! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро.
29 А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи мој, Господи, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен за да биде пред Тебе засекогаш.«